Челси двапати водеше и не победи, Евертон дојде до бод во 89. минута! (ВИДЕО)
1679168151

Мрежите мируваа се до 52. минута кога Жоао Феликс постигна гол за водство на Челси од 1-0.

Во 69. минута Докуре не ја затресе мрежата, но топката ја мина гол линијата, па Евертон го изедначи резултатот на 1-1.

Седум минути подоцна беше досуден пенал за Челси, Хаверц беше сигурен реализатор и го врати водството на Челси.

Се очекуваше дека сините ќе го добијат дуелот, но во 89. минута Симс постигна гол за конечни 2-2.