Макс Верстапен доминираше на тренинзите во Џеда но Холанѓанецот утре ќе стартува како 15-ти откако доживеа пех во втората сесија од денешните квалификации и поради механички проблем мораше да го паркира болидот во бокс.
Отсуството на актуелниот шампион го искористи Серхио Перез, кој стигна до нова пол-позиција во Саудиска Арабија.
Мексиканецот постави време од 1:28.265 кое беше недостижно за конкуренцијата, најблиску беше Шарл Леклер, со време од 1:28.420, но возачот на Ферари ќе назадува десет позиции, па во стартниот ред утре ќе се најде Фернандо Алонсо, кој денеска со 1:28.730 имаше трето најдобро време.
Потоа следуваа Џорџ Расел, Карлос Саинц, Ленс Строл, Естебан Окон, Луис Хамилтон, Оскар Пиастри и Пјер Гасли.