МЗТ Скопје и Игокеа водеа неизвесна битка која беше решена во последните секунди од мечот. Клучна беше серијата на гостите од 12-0 која ја направи од финишот на третата до почетокот на четвртата четвртина.
Македонскиот шампион се обидуваше да се врати, Вер двапати погодуваше за три поени, но на другата страна Игокеа враќаше со иста мера и ја одржа предноста за на крајот да слави победа од шест поени разлика.
Страхиња Миќовиќ со 18 поени (4/4 за тројка) и осум скока беше најдобар кај МЗТ Скопје, додека зад него беа Вер со 17 поени и Војдан Стојановски со 15 поени. Стефан Ѓорѓевиќ со 19 поени беше најпрецизен кај Игокеа.
Тимот од Аеродром останува последен на табелата со скор 4-18 и сега се надева дека Мега МИС ќе може утре да го совлада Борац во Чачак за да им ги продолжи надежите за евентуален опстанок во АБА.