Митинг во Париз против испораката на оружје за Украина: „Наскоро ќе го напуштиме НАТО“
Фото: ЕПА
1679160669

Акцијата наречена „Марш за мир“ започна на метро станицата Порт-Ројал во близина на луксембуршката палата, каде се наоѓа францускиот Сенат.

Како што додава дописникот на руската агенција, во акцијата учествуваат неколку илјади лица.

Тие извикуваат пароли: „Наскоро ќе го напуштиме НАТО“, „Макрон, не ја сакаме твојата војна“, „Макрон во пензија“, „Урсула, не сакаме, не те сакаме“.

На плакатите на учесниците може да се прочита: „Стоп за војната предизвикана од САД и НАТО“, „Слобода, вистина, отпор“, „Гласање за недоверба - мир во Франција“.

„Се повеќе Французи почнаа да ја разбираат природата на конфликтот во Украина“, а политиката на земјите од ЕУ е „насочена кон служење на интересите на Соединетите Држави“, изјави за РИА Новости лидерот на партијата Патриот, Флоријан Филипо.