Спојот на добрата музика со избраните етикети од Камник, беше дополнет со едукативен елемент во автентичниот амбиент на Аудиокултура за пронаоѓање на префинетиот звук и вкус. Со создавањето на Wine and Music Sessions се почнува еден различен социјално-културен тренд каде целта е да се понуди нова содржина во урбаниот живот и да се долови суштинската врска меѓу музичката и винската култура. Овие вечери што го збогатуваат живеењето во градот, ќе продолжат во следните месеци со настапи и на други истакнати музичари и уметници.

1679150150
Објавено на
18.3.2023 - 15:50