Дома кај двајца прилепчани пронајдени четири пиштоли и пушка, рамки, муниција...
1679147510

Вчера во Прилеп полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(23) и Р.Р.(23), двајцата од Прилеп.

„При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол екол туна модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со  куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р.  биле пронајдени и одземени пиштол сигсауер калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол екол фират калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол валтро модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм. По комплетно документирање на случите против двете лица ќе биде поднесен  соодветен поднесок“, соопшти МВР.