ЕСМ се пофали дека е поправена една ветерница
1679146929

„Завршија сервисните активности на турбина број 9 на ВЕЦ Богданци. Заменет е т.н. gearbox, еден од најважните делови на секоја ветерна турбина, со што зголемена е доверливоста во работењето на централата. Зафатот го изведоа екипи на 'Сименс'.  

Ветерниот парк Богданци е еден од најзначајните проекти во сопственост на АД ЕСМ кој финансиски е поддржан од германската KfW Банка. Во тек е втората фаза од конструкцијата на овој ветерен парк со чија реализација ќе се исполни планираниот капацитет од 50 MW инсталирана моќност“, се вели во соопштението на државното претпријатие.