Камион излета од автопатот кај Тетово, повреден возачот од Црна Гора
1679146070

„Црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило волво со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП 'Подгорица', на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола по што удрил во банкината од автопатот. По несреќата, возачот е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За да биде извлечен од кабината на камионот интервенираа и тетовски пожарникари.