„Тогаш правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа, но ги предупредивме дека е дојдено друго време и дека повеќе нема да можат да се договараат со одредени уценети политички поранешни структури кои што за жал функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви нема сега повеќе. Затоа ги предупредивме тоа да не го прават но за жал тоа го направија. Потоа, ако се сеќавате, велеа ќе се отпочне процесот во септември - октомври и тоа не се случи. Па потоа велеа кон крајот на годината декември, па помина 2022 година и тоа пак не се случи. И, тежиштето го префрлија на февруари, а помина и февруари, па сега го префрлаат тежиштето на мај - јуни. Но еве јас ви велам дека тоа нема и тогаш да се случи. Тоа нема да се случи ниту во мај ниту во јуни затоа што ние имаме принципиелен став од самиот почеток. Така создадоа проблем кој што не можат да го решат, создадоа проблем кој што сите ние го имаме, и ако продолжат дополнително да ги комплицираат работите, ќе се треснат сите во една мртва улица. Ама, за жал, тоа ќе биде еден огромен проблем за сите граѓани и за Македонија како држава. Јас затоа ветувам, кога ќе имаме нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има и одговорност за стореното“, изјави Мицкоски.
На прашањето за став за иницијативата Отворен Балкан Мицкоски рече дека нема многу официјални информации, но дека таа не смее да биде замена за членство во ЕУ.
„Секоја регионална иницијатива која што значи подобрување на квалитетот на животот, на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е тука да ја поддржи. Дали е оваа таква иницијатива, не знаеме бидејќи немаме никакви буквално никакви досега информации. Ниту пак мислам дека јавноста знае нешто поврзано со оваа иницијатива, бидејќи ако е брза размена на капитал, на стоки, на услуги, на луѓе итн. помеѓу овие држави кои што се дел од оваа иницијатива, има да речеме две држави да речеме кои што помеѓу себе не знам како граничат. Еве да речеме Србија и Албанија, како помеѓу себе граничат имајќи предвид дека тука има друг спор кој што мислам дека денеска тука во Охрид се случуваат разговори поврзани со тој спор, а тоа е косовското прашање. Така што има многу вака работи кои што јавноста не ги знае, кои што се поврзани со оваа иницијатива „Отворен Балкан“. Но тоа никако не смее да биде и не треба да биде замена за полноправно членство на Македонија во рамките на ЕУ“, нагласи Мицкоски.
Прашан дали ќе бара да реагира Обвинителството во однос на фирмата за производство на текстил која стана дел од надзорот за кзградбата на коридорите 8 и 10 д , Мицкоски рече и лично ќе се позанимава со тој, како што нагласи, скандал, но и дека засега скандалот се става под тепих.
„На тие луѓе кои што се соучесници во криминалот и на оваа фирма за долен веш, која што се пријавува како надзор на овој капитален проект, треба да им е јасно дека во наредните месеци од денеска лично јас ќе се занимавам со овој проект, односно со оваа јавна набавка со која што треба да се врши надзор и супервизија на градежните работи во изградба на два значајни коридори, односно два значајни патни правци кои што се поделени сега во четири отсечки, а кои што се дел од коридорот 8 и коридорот 10 Д. Еве лично на македонската јавност ѝ кажувам дека лично јас ќе се занимавам и се ќе дадам од себе за виновниците кои што се обидуваат на маката на овој ограбен и напатен и осиромашен народ да печалат дополнителни пари да бидат изведени пред лицето на правдата. И ова не е закана, ова е предупредување. Доста е од политичари кои што се богатата на маката на народот“, рече Мицкоски.