Ја имаш историската шанса за договор, му кажал Ахмети на Курти и му нагласил дека независно Косово е реалносст
1679139155

„Останувам во силна поддршка за Косово во клучните моменти на дијалогот со Србија и во сите понатамошни чекори кон целосно истакнување на неговата државност на сите меѓународни нивоа. Тоа  денеска му го кажав на премиерот на Република Косово, г-дин Албин Курти на средбата што ја имавме во Охрид.

Независно Косово е реалност и таа правда за сопствената земја е потврдена и од Европа и од САД  и не може да се оспори на никаков начин.

Го охрабрив премиерот Курти за позитивен епилог на дијалог за прогласените принципи на меѓусебно признавање од страна на медијаторите на ЕУ кои имаат искрена намера да ја задржат стабилноста на Европа и Западен Балкан“, соопшти Ахмети.

Тој даде и изјава за медиумите и рече дека се залага за напредок и дека би сакал тоа да се случи уште денеска во Охрид.

Ахмети курти бујар

На новинарско прашање дали верува дека ќе заврши процесот на дијалогот со взаемно празнавање меѓу Косово и Србија, Ахмети рече дека тоа зависи од двете делегации, но верува дека ќе биде постигне договор помеѓу Приштина и Белград.

„Мислам дека како финален процес, Косово треба да оди напред кон меѓународно признавање како држава и негово унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции и да го продолжи патот кон членство во Европската Унија и НАТО“, рече Ахмети.

Инаку, Ахмети и Османи имаа средба и со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ во преговорите Белград-Приштина.