Македонија во четврток ја пречекува Малта во првото коло од квалификациите за ЕП 2024. Алиоски ветува дека репрезентативците ќе го дадат најдоброто од себе за да тргнеме со победа.
„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода“, вели Алиоски.
„За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина”.
„Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”.