Електраните и фабриките на Феро инвест дел од студиската посета на странска делегација за климатските промени
1679137070

Присутните се запознаа со енергетски ефикасните електрични и водородни возила за одржување на хигиена во градски средини кои се произведуваат во Брако, при што детали за овој високотехнолошки и за околината нештетен производ изнесе оперативниот директор Ангел Анѓушев.

Во Овчеполскиот регион гостите од странство ја посетија био гасната електрана Био ентерпрајз во Сарамзалино, каде проект-менаџерот Арти Ќормемети ги информира за производниот процес кој има нула загадување, односно производство на биогас кој потоа служи како погонско гориво за производство на електричната енергија.

 феро

Делегацијата беше и на локацијата на фотоволтаичната електрана Централ инвест во Кочани, која е исто така инвестиција на групациите Феро инвест и Централ инвест.

Посетата организирана преку Хабитат-Македонија беше дел од EXCITE проектот, кој во рамките на европската програма Хоризонт 2020 има за цел директно да ги подобри акциските планови во 25 општини ширум Европа во однос на климатските промени.