Ковачевски на Вучиќ му кажа дека Македонија е пример за решавање на отворени прашања
1679131747

„Премиерот Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот. Северна Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Преку решителни чекори Северна Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи. Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите. Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ“, се вели во соопштението.