Ромската улица „Волт дизни“ низ уметничките бои во Струмица
1679125934

„Работам во средно училиште како наставник по ликовна уметност во Шуто Оризари. Сакав цртежите да бидат бајковити, како што се дизниевите анимирани филмови, тоа е чувството што го имам кога го поминувам времето со децата и наставниците кога сум во училиштето; затоа што ми се менува општото чувство за време/простор, како да се дематеријализира сè околу и постои само сегашниот миг“, вели Марија Трпеска за оваа изложба.

Трпеска е родена во Скопје во 1989 година. Дипломирала во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, насока ликовна педагогија, модул сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е цртежот, но истражува и со фотографијата и видео уметноста. Живее и работи во Скопје. Учествувала на 10 групни изложби во Македонија и во странство, а „Free entry“ е нејзината прва самостојна изложба која досега пред публика е претставена три пати