Ивановски се пласира во полуфиналето во Поатје
1679078693

Ламасин имаше проблеми со неговиот сервис, па направи дури пет двојни грешки, а тоа знаеше како да го искористи Ивановски и го доби првиот сет со 7-5.

Ивановски беше уште подобар во вториот сет против шестиот носител на турнирот и со убедливи 6-1 си обезбеди полуфинале во Поатје.

Македонскиот тенисер за место во финале ќе се бори против Саша Гејмар Вајенбург.