Ланча го покажа уникатниот автомобил на саемот во Торино во 1970. Дизајниран е од Бертоне а основата всушност е уништен рели автомобил ланча фулвиа ФФ1600. Каросеријата е направена од лесен фиберглас и има футуристички дизајн кој сè уште добро изгледа 50 години по претставувањето.
Деталите за овој конкретен автомобил прикажан на настанот ИЦЕ во швајцарски Сен Мориц не се познати, но наводно му е направена детална реставрација во 2000 и 2011 година, и бил продаден на аукција за 915.000 долари. Поради уникатноста на автомобилот цената и не е многу висока, а се претпоставува дека денес би добил многу повеќе.
Под триаголната хауба на стратос ХФ зеро е V4 моторот од ланча фулвиа ХФ1600, сместен меѓу двете оски. Малиот мотор има само 1.600 кубни сантиметри и 113 коњски сили, но звучи изненадувачки добро.