Затемнетиот тизер покажува дека се направени значителни аеродинамични модификации на А110 ГТ4. Најочигледните промени се видливи на задниот дел на тркачкиот автомобил каде има големо крило и истакната „перка“ која го поврзува спојлерот со покривот.
Алпина соопшти дека автомобилот „има напредни аеродинамични додатоци за подобро лепење за подлогата“. Подобрениот модел е дизајниран во одделот за дизајн на Алпина со помош од инженери и техничари на Сигнатек. Автомобилот ќе има погон на задните тркала.
Оваа година Алпина за првпат ќе учествува на „Трката до облаците“. Автомобилот ќе го вози Рафаел Астие кој во 2022 година го освои Р-ГТ купот на ФИА со алпина 110 рели. Астие претходно се натпреварувал на Пајкс пик и го држи рекордот во Тајм атак 1 класата.
„Пајкс пик е легендарна трка за која секогаш сонував, и одушевен сум што ќе се вратам таму по петти пат во мојата кариера“, кажа Астие. „Чест е да се биде дел од оваа авантура која ја почнаа Алпина и Сигнатек по двете години натпреварување со алпина А110 рели. Исклучително сум горд што ќе бидам возачот на Алпина во овој прв обид на Пајкс пик“.