Состојки:
1 кг пилешки гради или копани без кожа и коски
сол/пипер
3 чаши пилешка супа
4 лажици путер
половина мал кромид, ситно исечкан
3 чешниња лук, здробени
сенф во прав, сува мајчина душица, сушен рузмарин, жалфија, црн пипер
5 лажици брашно
150 мл неутрална павлака
1 коцка пилешка супа
1 лажичка Вустершир сос
2 чаши замрзнат зеленчук, (грашок, морков, пченка)
топло пире од компири (компири, путер, млеко)
Инструкции:
Загрејте ја рерната на 230 степени.
Исушете го пилешкото со кујнска хартија и зачинете го со сол/пипер. Ставете 3 чаши пилешка супа во тенџере и додадете го пилешкото. Оставете го постепено до почне да крчка. Оставете го пилешкото да се готви со подотворен капак 15 минути или додека не се свари. Не го варете брзо, инаку ќе биде тврдо. Извадете го пилешкото и раскинете го со виљушки. Тргнете го на страна и зачувајте ја супата во која се варело.
Додека пилешкото се готви, стопете 4 лажици путер во тавче на средна температура. Додајте го кромидот и пржете го 4 минути. Додадете ги лукот и зачините. Промешајте и динстајте уште 1 минута.
Додајте го брашното и промешајте. Гответе 2 минути или додека да престане да мириса на „живо“ брашно.
Намалете ја топлината на минимум. Постепено додавајте 2 чаши од зачуваната пилешка супа, мешајќи. Постепено додајте ја павлаката. Пребрзото додавање на течноста ќе ја уништи густината на сосот.
Додајте ја коцката супа и 1 лажичка Вустершир сос. Потоа додадете го пилешкото и измешајте да се соедини.
Зголемете ја топлината на средно висока и продолжете постепено да ја додавате преостанатата 1 шолја пилешка супа. Оставете го филот да крчка, за да згусне, 10-15 минути.
Додајте го замрзнатиот зеленчук и измешајте да се соедини и да се загрее. Тргнете од оган.
Префрлете го филот во подмачкан сад за печење. Оставете го малку да се излади, а потоа одозгора внимателно ставете го топлото пире. Со силиконска шпатула нежно распоредете го топлото пире во рамномерен и мазен слој над филот. Не притискајте силно за да се осигурате дека компирите ќе останат на врвот.
Ако сакате, со виљушка „загребете“ по површината.
Ставете ја во загреана рерна и печете непокриено 10 минути.
Поставете ја рерната на највисока температура и оставете горниот дел да порумени околу 4 минути, но внимателно гледајте го за да не изгори. Извадете и украсете со магдонос. Оставете го да отстои 5 минути пред да го послужите.