Состојки:
1 кг компири излупени и исечкани на мали коцки
2 коцки пилешка супа растворени во 200 мл вода
100 мл неутрална павлака
200 г кисела павлака
300 г рендан чашкавал чедар
1 кромид, ситно сечкан
200 г путер, стопен
2 чаши житарки корнфлекс
Начин на приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Убаво измешајте ги компирчињата, супата од коцка, неутралната павлака, киселата павлака, чедар кашкавалот и кромидот со 150 г од путерот. Додајте зачини по желба: сол, црн пипер, лук во прав...
Подмачкајте ја тавата за печење и префрлете ја смесата во неа.
Здробете ги житарките крупно и измешајте ги со преостанатите 50 г путер. Попрскајте ги врз смесата со компири.
Печете на 180 степени 50 минути.