Нова криза во автомобилската индустрија: Нема доволно камионџии за испорака на возилата
1678187647

Концернот Стелантис им испратил мејлови на своите вработени и залепил плакати во некои од своите фабрики во обид да ги убеди своите работници да седнат зад воланот на камион. Веќе се пријавиле околу 140 вработени, соопшти компанијата.

Стелантис им плаќа на работниците кои ќе решат да ја сменат обуката и надоместите потребни за добивање на неопходните дозволи, а размислува и за купување сопствени камиони за да се справи со логистичките тешкотии, јавува Блумберг.

Недостигот од камионџии остави илјадници автомобили во фабриката на Стелантис во Сошо, Франција, на крајот на минатата година, присилувајќи ја компанијата голем дел од нив да паркира на напуштен аеродром неколку километри од фабриката.

Во меѓувреме, слично нешто прави и Рено, кој почнал обука на дел од своите вработени во компанијата Адеко груп.

Рено исто ги означи проблемите со логистиката кога минатиот месец ги објави резултатите за цела година.

Од истиот проблем е погоден и Фолксваген, поради што најголемиот европски произведувач на автомобили не е во можност да ги испорача готовите возила.

Голем број европски камионџии доаѓаа од Украина па станаа недостапни поради војната, што ги влоши логистичките проблеми кои почнаа со пандемијата на ковид-19 и продолжија со недостигот од чипови.

Сето ова го успори производството, а во најновиот случај и испораката на возилата на купувачите.