Логиката диктира дека новата хонда сивик тајп Р, генерацијата ФЛ5, би требало да биде побрза во права линија од претходните итерации. Но дали е тоа така?
За да го одговори тоа прашање, Каруау неодамна ги собраа петте генерации на сивик тајп Р кои се продавале во Британија низ децениите. Почнуваат со сивик тајп р ЕП3, кој уште се смета за најдобриот модел на Хонда со тајп Р значка. Потоа следува ФН2 сивик тајп Р, последниот модел со атмосферски мотор, по што следуваат моделите ФК2, ФК8 и ФЛ5 со 2,0-литарски турбобензинец под хаубата.
ЕП2 и ФН2 моделите, очекувано, немаат доволно сила во споредба со поновите модели, меѓутоа резултатите меѓу трите модели со турбина се прилично интересни.