Пире од компири со печен лук
1385036749
Приготвување:

Целите главици лук измијте ги и испечете ги во загреана рерна на средна температура, додека да омекнат, 15-20 минути.

Исечете ги излупените компири на коцки и сварете ги во зовриена вода. Исцедете ја водата, вратете ги во тенџерето и пасирајте ги компирите на ниска температура додека да испари целата преостаната вода.

Додајте им ги омекнатиот путер, крем-сирењето, хоплата и сол по вкус. Земете ги печените подоладени главици лук и истискајте ги за да излезе содржината од лушпите. Додајте ги печените лукчиња (оставете 2-3 лукчиња цели, за украс) во смесата со компири, промешајте и проверете дали е добро зачинето.

Додајте црн пипер, измешајте и послужете го пирето украсено со 2-3 лукчиња одозгора. Послужете го со говедски стек со сос од фета.

Состојки:
2,5 кг компири, излупени и исплакнети

3 до 5 цели главици лук

150 г солен путер

250 г крем-сирење (по можност филаделфија или маскарпоне)

130 мл неутрална хопла

сол по вкус

црн пипер по вкус