Хасина го третира Јунус како јавен непријател, а тој моментално е пуштен на слобода со кауција откако беше осуден на шест месеци затвор, опишувајќи го случајот во кој беше осуден како политички мотивиран.
Студентите кои ги предводеа масовните протести кои ја соборија Хасина одбија да прифатат влада предводена од војската и побараа од професорот Јунус да ја води привремената администрација. Одлуката да се назначи Јунус за главен советник на привремената влада уследи по средбата меѓу претседателот Мохамед Шахабудин, воените лидери и претставници на студентите.
„Кога студентите кои жртвуваа толку многу побара од мене да се вклучам во ова тешко време, како можам да кажам не?“ рече Јунус. Тој се враќа во Дака од Париз каде му беше спроведен мал медицинска зафат, изјави неговиот портпарол.
Протестите во Бангладеш започнаа на почетокот на јули, но прераснаа во широко антивладино движење. Се верува дека повеќе од 400 луѓе загинале во судирите меѓу владините сили и демонстрантите.
Неколку часа пред демонстрантите да упаднат во официјалната резиденција на поранешната премиерка во главниот град Дака, Хасина поднесе оставка и побегна во соседна Индија. Така заврши нејзиното речиси 15-годишно владеење.