„Дополнително, Грција го користи Договорот од Преспа за да ги прикрие огромните кршења на човековите права и масовните убиства што ги изврши врз домородните етнички Македонци по нејзината анексија на Егејска Македонија во 1913 година.
САД го инсталираа режимот на Зоран Заев во 2016/2017 година, покренувајќи ја присилната промена на името, вршејќи постојано кршење на македонското и меѓународното право и бруталното ги задушуваа протестите против масовното кршење на човековите права на Македонците.“
„Од изборот на новата влада во Македонија во 2024 година Македонското меѓународно движење за човекови права и Македонците низ цела Македонија и ширум светот, побараа од владата да го прогласи незаконскиот Договор од Преспа за ништовен и со тоа да го врати вистинското име на Македонија.
Оваа порака директно им ја пренесовме и на претседателката Силјановска, на премиерот Мицкоски, на сите македонски политичари и на лидерите и политичарите на нациите ширум светот: илегален закон не е закон.“
„ММДЧП ги отфрла сите изговори што ги користеа македонските политичари кога воопшто ги почнаа и водеа преговорите за името на Македонија, а сега ги користат за да го одбијат барањето да се поништи промената на името. Изјавувањето дека ќе го ‘почитуваат Договорот од Преспа’ е целосно предавство на Македонците и на демократските вредности и принципите за човекови права кои западните лидери тврдат дека ги поддржуваат. Повикувањето на европското и меѓународното право само го потврдува правото на Македонија на самоопределување, а не значи дека треба да продолжи кршењето на нашите права“, соопшти Македонското меѓународно движење за човекови права кои се и организатори на оваа герила акција.