Изминативе три години, Макс Ферастапен доминираше на домашната трка во Зандворт, има три пол-позиции и три победи.
Сепак, тој попладнево не можеше да му парира на Ландо Норис во квалификациите, возачот на Мекларен со страшен круг стигна до пол-позиција.
Макс Верстапен на момент се понадева дека ќе стартува како прв откако во својот последен брз круг постави време од 1:10.029, но кратко потоа Ландо Норис дополнително ја спушти границата и постави време од 1:09.673,
Оскар Пиестри немаше сила да се замеша во битката за врвот, исто акко и Џорд Расел, за нив е резервиран вториот ред.
Потоа следуваат Перез, Леклер, Алонсо, Албон, Строл и Гасли. Денеска потфрлија Саинц и Хамилтон, кој беа елиминирани уште во втората сесија.