недела, 6 октомври 2024

Ништо ново од Пелистер во Лигата на шампиони, уште еден пораз за битолчани

Македонскиот ракометен шампион, Пелистер го запиша третиот пораз по ред во Лигата на шампионите оваа сезона или вкупно 17. ако се земат во предвид и мечевите од минатата сезона. Денеска битолчани загубија со 34-25 од Динамо Букурешт во Романија.

Објавено на

часот

Сподели

Израмнето беше само во првите 10 минути кога беше 5-5, потоа Динамо со серија од 3-0 се одлепи и дојде до 8-5. На полувремето беше 19-13 за романскиот тим.

Во вториот дел Динамо само рутински ја одржуваше предноста и на крајот ја зголеми за конечна победа од 15-12.

Убедливо најефикасен кај Пелистер беше Филип Кузмановски со девет голови, Радивојевиќ постигна шест, во тимот на Динамо, Роста даде седум гола.

Следниот меч од Лигата на шампионите Пелистер го игра против Спортинг во Битола.

Но, она што е повозбудливо од мечевите на битолчани во елитната европска конкуренција е дербито на домашно тло кое се игра во сабота, во салата „Јане Сандански“ од 17:45 играат Вардар и Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ