Како што рече Дендиас, побарал контрола на системот за противпожарна безбедност на сите формации, сите кампови, како и сите видови воени објекти на Грција: „Побарав да се разгледаат плановите за противпожарна безбедност на сите кампови, сите единици и три ограноци на вооружените сили. Безбедноста на персоналот, објектите и опремата на вооружените сили е апсолутен приоритет на грчката влада“.
Тој вели и дека Обвинителството на Волос донело наредба да се истражи како на тој простор во исто време настанале толку пожари кои, како што посочува, имале необични размери и интензитет и кои нанеле непроценлива штета на природната средина, животните, инфраструктурни, индустриски и занаетчиски објекти и одзеде два животи.
„Добив детални писмени информации од Главниот штаб на воздухопловните сили. Побарав од началникот на Генералниот директорат за одбрана Константинос Флорос да спроведе итна административна истрага. Ќе има темелна истрага за тоа што се случило. Ако има одговорност, ќе има и последици“, рече Дендиас.