вторник, 15 октомври 2024

Николовски: Владата е подготвена да им ја надомести разликата меѓу производната и замрзнатата цена на оранжериските производители

Објавено на

часот

Сподели

Еден од главните проблеми за оранжериското раноградинарско производство,а што бил детектиран, е што има сериозни индиции за злоупотреби при увозот на одредени земјоделски производи, за што беше побарано институциите да работат на заштита на домашните производители.

„Граѓаните не смеат да плаќаат скапи производи поради високите увозни цени, трговците не можат да се богатат на нивен грб и не смее да има мафија. Нашите пресметки говорат дека во истиот период минатата година има увоз на околу два милиона килограми домати, краставици и пипер, а со мерките што за годинава ги донесе Владата ќе се заштити стандардот на граѓаните за околу два милиона евра, само за овие неколку земјоделски производи. Подготвени сме преку интервентниот фонд за сите оранжериски производители кои имаат зголемени трошоци, да им се надомести разликата меѓу производната и замрзнатата цена. Во овој период ќе направиме анализи за количините што ќе се произведат во април и ова ќе биде првата интервентна мерка за годинава“, истакна министерот Николовски.

На средбата со оризопроизводителите, министерот Николовски истакна дека тие постојано добиваат државна поддршка, со редовни и дополнителни финансиски интервенции, а воведени се и низа нови мерки преку програмата за рурален развој.

„Радува што откупната цена на оризот е драстично зголемена, а послендите анализи покажуваат дека се движи меѓу 36 и 38 денари за килограм арпа. Од денеска почна исплатата на дополнителната мерка од три денари за килограм предадена арпа и веќе ја добија над илјада земјоделци. Претходно, во февруари беа исплатени сите субвенции за поледелство, вклучително и за оризопроизводство, во износ од 60 милиони евра, што е резултат на најголемиот износ на буџетот за земјоделството досега. За првпат годинава сите земјоделци ќе добијат и 30 отсто авансна исплата, како дел од новиот модел за поддршка“, истакна министерот Николовски.

Во врска со најавите за протести и незадоволство на дел од оризопроизводителите министерот Никоиловски оцени дека нема причини за тоа, а таквото однесување на поединци, кои се мотивирани од други причини, претставува злоупотреба на трудот на земјоделците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ