недела, 13 октомври 2024
Прес-конференција на СДСМ

Николоска: Само Мицкоски молчи за настаните во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски не кажа ниту еден збор за тоа што не беше интонирана државната химна, зошто не беше истакнато државното знаме и со тоа се стави во целосна одбрана на неговиот коалиционен партнер. Бидејќи тие немаат што да понудат на граѓаните и решавање на реални проблеми на граѓаните затоа се насочени кон создавање на поделби и на тензии. На сите треба да им биде јасно дека времето на национализам заврши, дека тензии и поделби какви што 11 години правеше ДПМНЕ, народот повеќе нема да дозволи, рече Николоска.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја има можноста во петок во Собранието да искаже поддршка, како што рече, на државните интереси со гласање за уставни измени.

„Очекувам сите 120 пратеници да се стават на висината на задачата, да ја сфатат одговорноста којашто сите ја имаме пред граѓаните. Ова на Мицкоски му е последната можност да се приклучи кон проевропскиот блок. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да покажат чуство на одговорност пред граѓаните затоа што наша обврска како политичари е да им обезбедиме сигурна иднина на граѓаните. Како што нашите предци овозможиле услови да живееме во слободна,самостојна и суверена држава, така и опозицијата да се приклучи и заеднички да создадеме просперитетна Македонија во која идните генерации ќе ја планираат иднината дома“, порача Николоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ