Како што пишуваат медиумите во БиХ, никој не сака да го преземе неговото тело, дури ни семејството, па не се знае кога ќе биде погребен. Познаници на таткото на убиецот за Дневни аваз кажале дека кажал: „Не ме интересира тоа гомно“.
38-годишната Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера во тој град, а стотици луѓе ја испратија и потоа учествуваа на мирниот собир против семејното насилство.
Освен во Градачац протести беа организирани во Сараево, Зеница, Мостар, Тузла и други градови во БиХ.
Насилството над жените во БиХ е прилично честа појава со трагични последици, но на извршителите по правило им се изрекуваат релативно благи казни кои не се согласни со обврските кои таа држава ги презема со ратификувањето на Истанбулската конвенција за борба против насилството над жените и во семејството.
Тоа се покажало и во случајот на Низама Хаќимовиќ, која била изложена на системско насилство, но за тоа немало соодветна реакција. Правосудните тела и полицијата сега се обвинуваат за очигледните пропусти.
Од судот во Градачац вчера се правдаа со тврдења дека не можеле да го санкционираат убиецот бидејќи полицијата не го документирала неговото насилство над поранешната сопруга, па не можела да му биде изречена мерка на забрана за приближување.