„Поради одбивањето на францускиот амбасадор во Ниамеј да одговори на повикот на министерството за разговор и поради други постапки на француската влада кои се противат на нигериските интереси, властите одлучија да го повлечат одобрението издадено на Силваин Ите и го повикуваат за 48 часа да ја напушти територијата на Нигер“, се истакнува во соопштението.
Одлуката доаѓа по низата изјави и протести против Франција по 26 јули кога нигерската војска го урна претседателот Мохамед Базум, кој е во домашен притвор со дел од своето семејство.
Новата власт ја обвини Франција дека сака воено да интервенира во Нигер за да го врати Базум на власт и тврди дека Економската заедница на западноафрикански држави (ЕКОВАС) е платеник на Франција, поранешна колонијална сила во тој дел од Африка.