петок, 21 март 2025

Ни САД ни Полска нема да испраќаат војници во Украина

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави денес во Варшава дека веројатно и Европската Унија ќе биде вклучена во преговорите за мир во Украина и дека Европејците мора да го решат прашањето за евентуалните мировни сили, бидејќи Америка нема да испраќа свои војници во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден од најжестоките сојузници на источното крило на НАТО, Полска, нема да испраќа свои војници во Украина, како што по разговорот со Хегсет соопшти полскиот министер за одбрана Владислав Кошљак Камиш. Тој истакна дека Полска се гледа како стратегиски логистички центар преку кој во последните три воени години минале 95 отсто од сојузничката помош за Украина.

„Мојата порака до контакт групата за Украина беше дека во мировните преговори ќе се разговара за американски војници во Украина. Не мислам дека претседателот (на САД Доналд) Трамп тоа го сака. Тоа мора да го решат Европејците – значи најверојатно нема да има американски војници во Украина“, кажа Хегсет по состанокот со Кошњак Камиш.

Полскиот министер истакна, како и Хегсет, дека мировните преговори допрва почнуваат, додека некои земји реагираат како да е веќе донесен конечен исход.

„Без Полска нема транспорт на опрема во Украина. Го обезбедуваме тој процес и тоа е нашата улога – логистичка поддршка, а не испраќање полски војници во Украина. Она што можеме да го направиме заедно со САД е да испратиме наши компании во Украина за да ја зајакнеме безбедноста. Ако вложуваме во Украина, тоа ќе биде голема гаранција на безбедноста“, кажа Кошњак Камиш.

Хегсет на заедничката конференција објасни дека неговата задача е да внесе реалност во очекувањата на Украина и европските сојузници и дека не е реално дека Украина ќе ги врати териториите во меѓународно признатите граници пред 2014 година.

„Примирјето може да биде гест на добра волја на почетокот на преговорите. (Рускиот претседател) Владимир Путин и онака ќе прогласи своја победа, без оглед на исходот. Украина и нејзините сојузници помогнаа тој да не ги оствари своите цели. НАТО е спремен да направи повеќе. Ако НАТО стане посилен и почне да размислува како Полска, не мислам дека исходот на мировните преговори би можел да го охрабри Путин на некој нов напад“, кажа Хегсет.

Новиот американски министер за одбрана ја избра Полска за својата прва официјална странска посета, а денес истакна дека двете земји го делат истиот војнички став, сакаат враќање на успешното одвраќање на агресорот, а Полска, која вложува во својата одбрана речиси 4,7 отсто од БДП, значително придонесува на намалување на оптоварувањето на американските даночни обврзници.

„Во Брисел разговаравме за издвојувањата за одбраната. Дипломатијата е важна, преговорите се важни, но на крајот тенковите, муницијата и хеликоптерите се вистинската моќ. Сакаме заедно да дојдеме до мир преку сила“, заклучи Хегсет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ