сабота, 30 ноември 2024

Независниот синдикат на полицијата реагира на „јавниот линч“ од политичарите врз полициските службеници

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов реагира на, како што вели – „јавниот линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика од каде доаѓа“.

Објавено на

часот

Сподели

„ Секој полициски службеник ако згрешил треба да одговара, но за тоа во Министерството за внатрешни работи постои дисцплинска постапка преку која се утврдува одговорноста на полициските службеници. Ваквиот јавен линч на полициските службеници од страна на политичарите, без разлика дали доаѓа од министерот или заменик министерот, исто така е пречекорување на нивните овластувања и ставање над законите, колективните договори и постапките“, посочува Ефремов.

Полициските службеници, вели тој, се тие што не заслужуваат секојдневно да бидат вмешувани во разни политички конотации за своето постапување или непостапување.

„ Вие сте тие што треба да бидете политичкиот штит на нападите кои доаѓаат кон нас и да не дозволувате политиката да се меша во полицијата. Полициските службеници сакаат да слушнат кога ќе добијат повисоки плати во процент како вашиот, кога ќе бидат набавени нови униформа и возила, согласно правилниците и до кога ќе бидат последни во државата за привилегии, а први за осуда и критика“, пишува Ефремов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ