среда, 16 октомври 2024
Став на потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово

Незири: Курти ги расипа односите со Абазовиќ и Рама па тргна да ги расипе и со Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Курти имаше потреба од ваква агенда во рамките на неговите политички идеи за обединување на Албанците во регионот, но политичкиот мотив е подлабок. Станува збор за затворање на аферите и скандалите што избувнаа на Косово, поврзани со енергетиката, државните резерви и старите алатки и средства. 

Таа посета во Македонија не е на премиер на Косово, туку на лидер на партија. Неговите изјави  таму предизвикаа раздор бидејќи тој отворено застана на страната на новата опозиција. Да не заборавиме дека Курти го поддржа господинот Зијадин Села на последните избори. И за време на таа посета имаше многу дебата. Курти прави обид за идеолошка коалиција, надвор од државниот протокол“, рече Хазири.

Приштина преку Курти создава криза со соседните земји, нагласи Хазири и тоа го илустрира  со расипувањето на односите со премиерите на Црна Гора и на Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама.

„Сега тој го направи истото и во Северна Македонија, манифестирајќи силна поддршка за новата опозиција. До пред неколку дена Скопје беше единствената врска за Курти. Тој ги наруши односите со Абазовиќ, а посетата на Еди Рама  ја сметаше за проопозициска што направи ескалација на односите меѓу двете земји.

„И последната посета на Тетово и Скопје го става Косово во извештаите за продуцирање на криза. Приштина произведува криза и води лоша политика притоа користејќи ја албанската заедница“, рече Незири и нагласи дека состојбата на северот од Косово ја користи и дека во таа смисла  регионите во јужна Србија на Прешево и Бујановац му служат за политички цели.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ