Како што информираат од Центарот за управување со кризи -Велес, во невремето е паднато едно дрво на регионалниот пат Велес-Градско кај село Виничани.
„Патот е во реконструкција поради што немало попречување на сообраќајот, но сепак екипи на Македонија пат брзо реагирале и за кратко време го отстраниле паднатото дрво од патот“, информираа од ЦУК Велес.