„Синоќа во 19.40 часот ОВР Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и расправија помеѓу Б.Д.(53) и неговата невенчана сопруга А.М.(19), двајцата од неготинско село, по што Б.Д. пријавил дека А.М. со тврд и остар предмет му го оштетила неговото патничкото возило мицубиши. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од СВР Велес.