среда, 16 октомври 2024

Неуспешно докрај беше фалсификувањето на БМВ-то, полицијата ја откри измамата

Објавено на

часот

Сподели

„Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Кавадарци при Регионален центар за гранични работи – Југ, заедно со ОВР Неготино, поднесе кривична пријава против Р.М.(21) од селото Студеничани, скопско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – фалсификување исправа, казниво по чл.378 ст.3 од Кривичниот законик.

На 7 февруари околу 22 часот на автопат А1 во правец од Гевгелија кон Велес пријавениот управувал патничко моторно возило БМВ со скопски регистарски ознаки со уништен идентификационен број на шасија, при што истиот употребил лажни регистарски ознаки издадени за патничко моторно возило ауди во сопственост на О.Р.(21) од селото Опае, Општина Липково“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ