среда, 4 декември 2024

Нетанјаху со провокација до Иранците: „Не дозволувајте вашите соништа да умрат“ (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на Иранците дека владата на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, повеќе се плаши од иранскиот народ отколку од Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Затоа трошат толку време и пари обидувајќи се да ги урнат вашите надежи и да ги зауздаат вашите соништа. Ви велам: Не дозволувајте вашите соништа да умрат. Слушам шепоти: Жени, живот, слобода. Зан, Зендеги, Азади“, кажа Нетанјаху, алудирајќи на движењето за права на жените во Иран.

„Не губете надеж. И знајте дека Израел и други во слободниот свет стојат со вас“, кажа Нетанјаху. Во својата порака се осврна на иранскиот ракетен напад на Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хамас во Техеран. Им порача на Иранците дека тоа ги чинело околу 2,3 милијарди долари од нивните „скапоцени пари“, а му предизвикал „маргинална штета“ на Израел.

Нетанјаху и претходно директно му се обраќал на иранскиот народ, како и на цивилите во Газа и Либан. Израелскиот премиер кажа дека животот во Иран би можел да биде поинаков ако е земјата слободна и дека средствата би можеле да се користат за образование, патишта, вода и болници наместо за војување.

„Но тоа е тоа што режимот на Хамнеи ви го ускратува секој ден. Тие се опседнати со уништување на Израел, наместо со изградба на Иран. Знам дека не ја сакате оваа војна. Ни јас не ја сакам оваа војна. Израелскиот народ не ја сака оваа војна“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ