петок, 13 декември 2024

Нетанјаху: Нема да има траен прекин на огнот во Газа додека Хамас не биде уништен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа денес дека нема да има траен прекин на огнот во Газа сè додека воените и командни капацитети на Хамас не бидат уништени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговите коментари објавени на социјалните мрежи следат откако американскиот претседател Џо Бајден кажа дека Израел предложил договор во три фази за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување на заложниците од страна на Хамас.

„Условите на Израел за прекинување на војната не се сменети: уништување на воените и командни капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел“, порача Нетанјаху.

„Израел ќе продолжи да инсистира на тоа овие услови да се исполнат пред да се воспостави траен прекин на огнот. Идејата Израел да се согласи на траен прекин на огнот пред тие услови да бидат исполнети е исклучена“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ