„Политичкиот и безбедносен кабинет вечерва ги ажурираше воените цели за да вклучи безбедно враќање на северните жители во своите домови“, се вели во соопштението за печатот од кабинетот на израелскиот премиер.
Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран разменуваат напади речиси секојдневно откако големиот напад на Хамас во Израел на 7 октомври предизвика смртоносна војна во Појасот Газа.
Хезболах вели дека кампањата има за цел да го поддржи својот палестински сојузник. Во насилството загинаа стотици луѓе, главно борци, во Либан, и десетици цивили и војници на израелската страна.
Борбите, исто така, принудија десетици илјади жители од двете страни на границата да ги напуштат своите домови.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му рече на американскиот претставник во понеделникот дека „воената акција“ е „единствениот начин да се гарантира враќањето на заедниците во северен Израел во нивните домови“.