среда, 11 декември 2024

Нетанјаху: Ги одобрив нападите на сириските воени објекти за да не ги преземат џихадистите

Израелската влада ги одобри воздушните напади на израелската војска на стратегиски воени објекти во Сирија за да спречи тие да паднат во рацете на џихадистите, порача премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не планираме да се мешаме во внатрешните работи на Сирија, но секако планираме да направиме сè што е потребно за да ја осигураме нашата безбедност. Во тој контекст ги одобрив нападите на стратегиски воени објекти кои сириската војска ги напушти, за тие да не паднат во рацете на џихадистите“, ја пренесе неговата изјават неговиот советник Дмитриј Генделман.

Нетанјаху тврди дека Израел настојува да изгради односи со новиот режим во Сирија, но ветува и „моќен одговор“ ако новата власт му дозволи на Иран „повторно да воспостави свое присуство во Сирија“, да префрли иранско или какво било друго оружје на либанското движење Хезболах или да почне напад на Израел.

Претходно сириски медиуми јавија дека израелската војска се движи кон Дамаск, во близина на границата со Либан. Израелски авиони во понеделникот бомбардираа бази на сириските воздухопловни сили, истражувачки центри и објекти на одбранбената индустрија во различни провинции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ