среда, 16 октомври 2024

Нетанјаху до Иранците: Иран ќе биде слободен, побрзо од што мислат луѓето (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на Иранците дека нема место на Блискиот Исток кое е надвор од дострелот на Израел, два дена откако израелската војска го уби водачот на либанската паравоена милиција Хезболах.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на англиски во триминутно пропагандно видео објавено од неговиот кабинет, Нетанјаху кажа дека му се обраќа на иранскиот народ и ја обвини иранската влада за туркање на Блискиот Исток „подлабоко во војна“ по цена на сопствениот народ.

„Нема место на Блискиот Исток до кое Израел не може да досегне. Нема место на кое нема да отидеме за да го заштитиме својот народ и да ја заштитиме својата земја“, кажа Нетанјаху. Тој во видеото тврди дека иранскиот режим ги води Иранците „поблиску до бездната“. Иран и Израел ќе имаат мир кога Иран „ќе биде конечно слободен“, што, како што процени, „ќе се случи побрзо од што мислат луѓето“.

Зборувајќи за Хасан Насралах, лидерот на Хезболах убиен во саботата во израелски воздушни напади на Либан, Нетанјаху кажа дека „марионетите на иранскиот режим“ ги елиминира секој ден. Израел нелегално врши воздушни напади врз друга земја, Либан, напаѓајќи цели на Хезболах, најдобро вооружената милитантна група на Блискиот Исток поддржана од Техеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ