Во интервју за израелскиот Канал 14, тој рече дека Израел „енергично го спроведува“ договорот.
„Никогаш не сум тврдел дека договорот со Либан го означува крајот на војната и ако има прекршување, ќе продолжиме со интензивна војна“, рече израелскиот премиер.
„Доколку е потребно, дадов директива до ИДФ (Израелските одбранбени сили) – бидете подготвени за интензивна војна во случај да дојде до нарушување на рамката на прекинот на огнот“, рече Нетанјаху, пренесе Радио Слободна Европа.
Нетанјаху додаде дека условите за постигнување можен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа се значително подобрени.
Запрашан за можен договор за заложниците, Нетанјаху рече: „Мислам дека условите се многу променети на подобро“, но не даде конкретни детали.