Илија Несторовски донел одлука за својот иден клуб, ова попладнево го пренесе новинарот Алфредо Педула.
Тој објави дека Македонецот изминативе две недели одбил неколку понуди од Серија Б и надвор од Италија, за на крајот да постигне согласност со Тернана и кажал ДА за преселба во Умбрија.
Но пред да се реализира неговиот трансфер, „црвено-зелените“ треба да се ослободат од вишокот напаѓачи, односно барем двајца да го напуштат клубот, се шпекулира со Роваља и Феранте.