вторник, 8 октомври 2024

Немаме желба ниту причина да преговараме со Северна Македонија, изјави бугарскиот премиер

Нашиот став е познат и цврст, нема за што да се репреговара со Северна Македонија, изјави од говорницата на парламентот во Софија, премиерот на техничката бугарска влада, Димитар Главчев.

Објавено на

часот

Сподели

„Тие (македонската Влада, н.з.) велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас порачувам дека од наша страна нема желба за преговори затоа што нема за што да се преговара. Постои и европска позиција по ова прашање и тоа е познато. На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не ги почитува преземените обврски, а истото го кажа и премиерот на Грција дека Република Северна Македонија не го почитува Договорот од Преспа. Значи, нашиот став е презентиран на највисокот ниво, во Европскиот совет“, кажал Главчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ