„Во овој момент нема потреба од свикување на Советот за безбедност. Да, имаше информации и имаше и најави за дестабилизација. Но сметам дека безбедносната состојба во земјава не е загрозена до тој аспект за да има потреба да се свика националниот Совет за безбедност“, рече министерот на прашањето дали на средбата што ја имале со претседателката на Македонија е разговарано за безбедносната состојба.
„Покажавме дека можеме да се соочиме со сите предизвици. Дали има најави за немири оваа есен, протести и слично, да, имаше најави, но ќе се справиме со секој предизвик доколку е потребно“, рече Тошковски.
Тој одговори дека во МВР се продолжува со истраги за поранешни и за сегашни функционери и за правни лица и додаде дека е важно тие истраги да бидат во законска рамка и доколку по нивното завршување тие се процесуираат низ правосудниот систем со ефект тие функционери да бидат отстранети од системот, дека тоа ќе биде добро за општеството.