петок, 4 октомври 2024
По обилните дождови

Нема опасност од излевање на реките

По вчерашните и денешни обилни дождови сушниот пердио во претходните неколку месеци не дозволи зголемување на водостоите на реките во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатите 24 часа територијата на земјата беше погодена од влажен бран при што на некои места во западните делови наврнаа и поголеми количини на дожд (Рашче 74 mm, Попова Шапка 59 mm, Маврово 40 mm).
Врнежите ќе продолжат и денеска попладне и утре, но со нешто помал интензитет во однос на вчерашните. Овие врнежи се очекува да ги зголемат водостоите на реките низ земјава без опасност од појава на излевање на водата од речните корита на водотеците.
После долгиот сушен период овие врнежи се добредојдени за природните езера во земјава, особено за Преспанското Езеро и за Дојранското Езеро чии што водостои се под минимално дозволените, а исто така и за подобрување на состојбата со вештачките акумулација и нивно извесно наполнување со вода, информираат од УХМР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ