Обвинителството собрало докази, но не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите.
„Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки“, велат од ОЈО ГОКК за поднесената кривична пријава од Левица.
Во однос на евентуално постоење на кривичното дело несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело.
„Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува“ велат од Обвинителството во однос на пријавата за наводното несовесно работење на Максути.
Летово кога во земјава повторно има пожари ер тракторите беа сервисирани, но немаше пилоти, па двајцата пилоти кои заминаа во пензија со одлука на Влада беа повторно ангажирани со договор на дело.