Во информацијата на АМСМ возачите се предупредуваат дека патниот правец од селото Виничани до Градско во деновите од продолжениот празничен викенд (14, 15, 16, и 17 април) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40 само километри на час и треба да се почитува.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.