вторник, 15 октомври 2024

Негувателка малтретирала дете, обвинителството отвори истрага

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе Наредба за истрага против 32-годишна негувателка во детска градинка за која постои основано сомнение дека сторила продолжено кривично дело запуштање и малтретирање на дете, соопшти денеска обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 2022-2023 година, осомничената, вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетеното тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка“, велат од ОЈО СКопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кон осомничената негувателка како што се забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана за посетување на детската градинка и сите објекти кои се дел од истата детска градинка, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување на контакти или врски со оштетеното дете, со неговите родители и со сведоците, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно оддалечување од работното место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ